вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Гебрејесус на состанокот во Женева рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено на северната хемисфера. Тој истакнал дека неколкуте наредни месеци ќе бидат многу тешки и дека некој земји се на опасен пат, пренесе „ТАС“.

Голем број земји бележат раст на бројот на заразени, што доведува до преоптоварување на здравствениот систем, истакна генералниот директор на СЗО.

Тој ги повика лидерите на државите да преземат итни чекори со цел спречување на понатамошно влошување, како и сеопфатна анализа на епидемиолошката ситуација и итно прилагодување на мерките во оние места кои бележат голем раст на бројот на новозаразени.

Освен тоа, властите мораат јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка ситуација и да им помогнат на граѓаните и економијата, додава Гебрејесус.

Тој забележал дека има недостаток на кислород во многу болници низ светот.

Некои од најсиромашните држави на светот имаат само 5 до 20 отсто од потребниот кислород за лекување на пациенти, истакна генералниот директор на СЗО.

Коронавирус