Голем број ракети денеска го погодија авганистанскиот град Газни за време на посетата на претседателот Ашраф Гани.
Најмалку две ракети паднаа на околу 300 метри од резиденцијата на гувернерот каде Гани имаше средба со претставниците на локалните власти.
Засега нема информации за жртви, но се слушнале и истрели од лесно и тешко оружје.
Газни е лоциран на главниот магистрален пат помеѓу Кабул и јужен Авганистан. Стотици талибанци минатиот месец го нападнаа градот и зазедоа голем дел од центарот. Бунтовниците беа протерани од Газни од авганистанските безбедносни сили кои имаа поддршка од воздух од американската армија.