среда, 2. декември 2020. Вести денес: 164
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

„Газета експрес“: Администрацијата на Трамп е за поделба на Косово

„Газета експрес“: Администрацијата на Трамп е за поделба на Косово

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дала зелено светло за опцијата за поделба на Косово, објави приштинска Газета експрес повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.

Весникот наведува декја постои можност Трамп за тоа да се договорил со рускиот претседател Владимир Путин на неодамнешниот самит во Хелсинки.

Според сознанијата на весникот, адмистрацијата на Трамп односно тие што се занимаваат со надворешна политика одобриле Косово да отстапи територија на Србија во замена за признавање, пренесе Танјуг.

Таа радикална промена во администрацијата на претседателот на САД, се случува  по заминувањето на поранешниот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер и по доаѓаањето на Џон Болтон на таа функција, кој според весникот, е познат по антикосовскиот пристап од времето кога бил амбасадор на САД во ОН.

МИА

Коронавирус