среда, 21. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Газда од пеколот: Ја врзал за дрво жената која му го чисти домот, причината е уште пошокантна (ФОТО)

Газда од пеколот: Ја врзал за дрво жената која му го чисти домот, причината е уште пошокантна (ФОТО)

Богат маж од Саудиска Арабија брутално ја казнил жената, која во неговиот дом работела како чистачка и ја врзал за дрво.

Филипинката, која работела како чистачка во дом на богат Саудиец направила „страшна“ грешка кога оставила дел од скапоцен мебел на сонце. За да ја казни, газдата ја врзал 26-годишната Ловли Акоста Баруело за дрво и ја оставил неколку часа на силното сонце.

Овој случај предизвика реакции во Министерството за надворешни работи на Филипини, од каде на жената, која е мајка на две деца и помогнаа веднаш да се врати назад.

Жената по враќањето на Филипини изјави дека има огромен број жени кои во Саудиска Арабија се предмет на понижување, но имала среќа што другите вработени кај Саудиецот направиле снимка за да може да се спаси и да се врати дома.

Во земјите на Блискиот исток работат дури 2,3 милиони Филипинци од кои повеќето се жени.