понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

„Гардијан“: Наследникот на Багдади именуван уште во октомври

„Гардијан“: Наследникот на Багдади именуван уште во октомври

Само неколку часови откако американските сили го убија лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади во октомври 2019 година за нов лидер на терористичката организација, е именуван Амир Мохамед Абдул Рахман ал-Мавли ал Салби, објави Гардијан, повикувајќи се на неименувани извори.

Според лондонскиот весник, регионалните и западните разузнавачи биле во можност да го профилираат новиот лидер на озлогласената група во трите месеци по убиството на Багдади.

Салби се смета за еден од највлијателните идеолози во исламистичката организација, и е роден во туркменско семејство во ирачкиот град Тал Афар, што го прави еден од ретките не-арапски лидери во ИД, пренесува Гардијан.

Весникот вели дека е познат и по воениот назив на Хаџи Абдула, а во некои кругови се споменува и како Абдула Кардеш, иако ирачките власти тврдат, според британскиот весник, дека лице по име Абдула Курдеш е еден од лидерите на ИД убиен пред две години.

Салби е исто така еден од основачите на ИД и предводеше бројни операции на исламистичката организација ширум светот.

Коронавирус