недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Гардијан“: Најбогатите Британци се селат ако Корбин стане премиер

„Гардијан“: Најбогатите Британци се селат ако Корбин стане премиер

Најбогатите луѓе во Велика Британија се подготвени веднаш да ја напуштат земјата, во случај Џереми Корбин да стане премиер, стравувајќи од можна промена во даночната политика и контрола на капиталот, објави Гардијан.

Адвокати и сметководители на најбогатите семејства во Велика Британија велат дека биле „преплавени“ од повици на милијардери и милионери кои бараат помош и совети за избор на земја за преселување, наведува весникот.

Во исто време, тие префрлуваат капитал во странство и склучуваат договори за подарок со своите деца, со цел да го избегнат ветувањето на Лабуристичката партија за одданочување наследство чија вредност е поголема од 125.000 фунти.

Советниците велат дека потенцијалната влада на Корбин претставува поголема закана за богатството и животниот стандард на еден процент од најбогатите.

Џефри Тод, партнер во адвокатската фирма Буд Хетфилд, изјави за весникот дека многу од неговите клиенти веќе подготвиле план за префрлање на богатството од земјата за неколку минути, доколку Корбин биде избран за премиер.

„Многу богати луѓе се загрижени дека ќе мора да платат многу поголем данок на богатство и веќе се подготвени за можноста Корбин да формира влада. Трансферите на богатство се веќе осмислени – во многу случаи, недостига само потпис на документот”, нагласува Тод.