недела, 27. септември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Гараженко: Колесникова го искинала пасошот за да го спречи депортирањето во Украина

Гараженко: Колесникова го искинала пасошот за да го спречи депортирањето во Украина

Истакнатата белоруска опозициска лидерка, Марија Колесникова, го искинала својот пасош за да го спречи обидот на белоруските служби да ја депортираат во соседна Украина, јавија британските медиуми.

Украински Интерфакс пренесе дека заменик министерот за внатрешни работи на Украина Антон Гараженко на Фејсбук напишал дека Колесникова „успешно спречи насилно протерување од нејзината матична земја“.

Во последните 24 часа не се знае каде исчезна Марија Колесникова, лидерот на неколкунеделните масовни протести против контроверзната победа на Александар Лукашенко на претседателските избори. Вчера беше јавено дека таа била киднапирана во центарот на Минск и со комбе однесена во непознат правец, а денеска беше јавено дека таа и двајца нејзини соработници рано утринава ја минале белоруско-украинската граница.

„Оваа храбра жена направи решителен чекор да спречи да биде протерана од сопствената земја. Александар Лукашенко е лично одговорен за нејзиниот живот и здравје”, напиша Гараженко.

Во моментов не е познато каде се наоѓа Колесникова, но двајцата нејзини соработници, кои исто така исчезнаа со неа, рано утринава преминале во Украина, дознаваат британските медиуми од украинската гранична полиција.

Антон Бисковски од белоруската гранична полиција утринава потврди дека Колесникова е приведена од белоруските власти, но не знаеше ка каже каде таа се наоѓа во моментов. (МИА)

Коронавирус