вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Фронтекс: Удвоен бројот на мигранти кои влегуваат во Шпанија

Фронтекс: Удвоен бројот на мигранти кои влегуваат во Шпанија

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ (Фронтекс) денеска соопшти дека бројот на мигранти кои го поминале западниот дел на Средоземното Море во Шпанија е повеќе од удвоен во првите осум месеци од годинава, во споредба со истиот период минатата година.

Фронтекс во соопштението наведе дека од јануари до август се регистрирани околу 29.600 илегални преминувања на границата на западната средоземна рута, што е двојно повеќе од минатата година.

Минатиот месец во Шпанија пристигнале околу 6.500 луѓе, што е двојно повеќе од август 2017 година.

Повеќето луѓе се од Мароко, Гвинеја и Мали.

Фронтекс соопшти дека во исто време бројот на луѓе кои го преминале Средоземното Море паднал на околу 86.500, што е за 40 проценти помалку во однос на минатата година. Ова се должи на намалување на бројот на луѓе кои ја поминале главната рута на Средоземното море од Либија во Италија.

МИА