сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Фрлила мали кучиња во контејнер, се соочува со казна од шест години во затвор (ВИДЕО)

Фрлила мали кучиња во контејнер, се соочува со казна од шест години во затвор (ВИДЕО)

Американка од Калифорнија е уапасена откако била снимена како во контејнер фрла шест тукушто родени кученца.

На снимката од безбедносната камера се гледа како жената во контејнер фрла пластична кеса полна со кученца. Полицијата ја уапсила 54-годишната Дебора Сју Калвел, а во нејзината куќа пронашла уште 30 кучиња.

Против неа е покренато обвинение за повеќе кривични дела, меѓу кои и бруталност кон животни, а доколку се докаже дека е виновна се соочува со казна затвор од 6 години.

Кученцата биле во плаастиочната кеса во контејнер на висока температура , а ги спасил човек кој ги слушнал како цивкат. Се проценува дека кученцата биле стари три дена.

Коронавирус