среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 130
home Вести

Фридрих Мерц најави кандидатура за лидер на ЦДУ

Фридрих Мерц најави кандидатура за лидер на ЦДУ

Поранешниот лидер на конзервативниот блок во германскиот Парламент, Фридрих Мерц денеска официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на Христијанско демократска унија (ЦДУ), јави ДПА.

Поранешниот ривал и критичар на германската канцеларка Ангела Меркел се кандидира за лидерската функција на ЦДУ заедно со уште двајцата политичари, кои претхотно ја објавија својата номинација – генералниот секретар на партијата Анагрет Крамп-Каренбауер и министерот за здравство Јенс Шпан.

– Ангела Меркел заслужува почит и признание за своите достигнувања во 18-те години водство на партијата. Откако внимателно размислив и по многу разговори, решив да се кандидирам за претседател на германската Христијанско демократска унија на федералниот партиски конгрес во Хамбург. Потребен ни е нов почеток и обновување со искусни и помлади лидери. Јас ќе ја преземам одговорноста за тоа и во исто време ќе направам се за зацврстување на внатрешната кохезија и одржливоста на германската Христијанско демократска унија, вели Мерц во писмената изјава.

Меркел вчера најави дека на Конгресот во Хамбург во декември нема да се кандидира за нејзин реизбор како претседател на ЦДУ.

Коронавирус