петок, 17. септември 2021. Вести денес: 124
home Вести

Французите создаваат резерви од храна поради коронавирусот

Французите создаваат резерви од храна поради коронавирусот

Во Франција расте загриженоста поради коронавирусот, повеќе супермаркети соопштија дека нивните загрижени клиенти почнале да создаваат резерви, јави дописникот на МИА.

Тестенини, ориз, средства за хигиена, фотографиите ставени на социјалните мрежи, сведочат за празните полици во  продавниците. Феноменот, меѓутоа, не е присутен само во Франција, бидејќи слични однесувања се забележани и во Германија.

Инаку според последните бројки на француските здравствени власти во земјата има 191 потврден случај на коронавирус и три смртни случаи, од кои двете од починатите лица биле на возраст од над 80 години и имале други здравствени проблеми.

Коронавирус