сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 66
home Вести

Французите сакаат промена: Драстичен пад на рејтингот на Макрон во последните три месеци

Французите сакаат промена: Драстичен пад на рејтингот на Макрон во последните три месеци

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон драстично падна овој месец, покажаа резултатите на најновата анкета.

Како што наведува Ројтерс ова дополнително ја отежнала работата на неговата администрација, која се соочува со проблеми настанати поради заминувањето на некои министри од кабинетот и скандалот со телохранителот на Макрон.

Само 29 проценти од испитаниците кажале дека се задоволни од работата на францускиот претседател, што е 34 проценти помалку во однос на август и 39 проценти помалку во однос на јули, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата Ифоп, објавени во францускиот неделник „Журнал ду диманш“.

Популарноста на Макрон е лоша во поголемиот број од анкетите, наведува агенцијата и потсетува дека тој во 2017 година победил на изборите до 66,1 процент од гласвоите, за својот реформаторски проект за модернизација на втората по ред најголеми сила во еврозоната.

Меѓутоа, голем број гласачи, меѓу кои се конзервативните пензионери и оние со пониски примања, се жалат дека неговата политика користи повеќе за компаниите и побогатото население.

Францускиот претседател минатата недела беше критикуван и затоа што на еден невработен маж му кажа дека можел да најде работа доколку се обидел.

Макрон минатиот месец се соочи со изненадувачка оставка од министерот за екологија Никола Ило, популарен поранешен активист и ТВ водител, освен тоа, еден од најблиските соработници на претседателот, министерот за внатрешни работи Жерар Колом, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Лион на изборите во 2020 година.

Коронавирус