петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Французите ќе произведуваат маски кои можат да се носат 100 пати

Французите ќе произведуваат маски кои можат да се носат 100 пати

Француски научници најавија дека ќе почнат со производство на нов тип заштитни маски против коронавирусот, која можат да ја користат 100 пати без замена.

Маската на пазарот ќе биде понудена по малопродажна цена од околу 30 евра. Станува збор за маска наречена Ocov, од тип P1 или P2 која вклучува флексибилни делови кои ги покриваат носот, устата и брадата, како и филтри кои може да се менуваат.

Меѓу истражувачите и експертите кои учествуваат во овој проект има и вработените од Центарот за атомска и алтернативна енергија кои основале нова компанија наречена VOC-Cov. Ouvry, компанија од Лион специјализирана за заштитна опрема, избрана за индустријализација и ставање на маските во продажба.

Пробната серија од 5.000 маски веќе е во изработка и првите примероци се очекуваат следната недела. До денес се резервирани 130.000 парчиња.

Коронавирус