сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Французите ќе можат да заминат на летен одмор, но пред се во Франција

Французите ќе можат да заминат на летен одмор, но пред се во Франција

Граѓаните на Франција ќе заминат на годишен одмор летово во текот на јули и август, нагласи премиерот Едуард Филип, и објави пакет вреден 18 милијарди евра наменет за спас на домашниот туризам, јави дописникот на МИА.

-Она што е добро за туризмот е често добро и за Франција, она што го погодува туризмот ја погодува Франција, го сумираше премиерот Едуар Филип во презентирањето на неговиот план.

Во секторот за туризам во моментов во државата има околу два милиони вработени, сите од нив сега се наоѓаат на режимот на парцијална невработеност.

Рестораните би требало да отворат во зелените зони ( таму каде вирусот е под контрола) на Франција на 2 јуни, но точниот датум ќе биде соопштен на 25 мај, за државната помош за претпријатијата од туристичкиот сектор ќе продолжат до крајот на 2020.

-Французите ќе можат да одат на одмор во Франција во јули и август, во Франција или во прекуокеанските депратмани на земјата, најави премиерот.

Сепак, тој додаде дека „нема многу сигурност за оваа прашање“.

Тој, исто така вети, во договор со професионалци во овој сектор, „целосно враќање на парите од резервациите на Французите во случај на откажување на нивната резервација поврзана со Ковид-19“.

За заминување на летен одмор во странство или во Шенген зоната ќе треба да се почека на нова одлука.

Коронавирус