петок, 25. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Француските „Жолти елеци“ во помал број продолжуваат со протестите

Француските „Жолти елеци“ во помал број продолжуваат со протестите

Седми протест по ред почнаа денеска во Франција „Жолтите елеци“ кои се незадоволни со  социјалната и фискална политика на претседателот Емануел Макрон, но на улици излегоа мал број луѓе.

Протестното движење што почна пред 1,5 месец значително ослабна – на 22 ноември имаше 38.600 демонстранти, една недела претходно 66.000, а на првите протести – 282.000, покажуваат цифри објавени од владата.

Дел од претставниците на тоа движење кое почна без какви било политички и синдикални рамки, сметаат дека ослабувањето е поврзано со Божик и Нова Година и најавуваат остро продолжување во јануари и покрај владините отстапки.

Во Марсеј имаше 900 демонстстранти. Во Париз немаше денеска до пладне нету една група демонстранти. Протести се предвидени во Бордо, Тулуз и во Лион.

Коронавирус