понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Француските земјоделци тргнаа во блокада на Париз

Француските земјоделци тргнаа во блокада на Париз

Незадоволни од ниските цени на нивните производи, но и постојаните напади за начинот на нивната работа – користењето на пестицидите и на производството на месо, земјоделците одлучија да демонстрираат со нивните трактори и тргнаа во блокада на Париз, но и на други француски градови, јавува дописникот на МИА.

Целта на демонстрациите е да се зголеми притисокот пред трговските преговори со трговците на големо, откако неодамнешниот договор постигнат со посредништво на владата, не предизвика никакви видливи промени за земјоделците.

-Ние сакаме да дистрибуцијата ја игра играта, а не како што направи Лидл пред десет дена, кога мелен стек се продаваше 6,75 евро за килограм, што е голем скандал, Тоа е како кога Карфур продава литар млеко за 0,87 евра ,вели Кристиан Ламбер претседател на најголемиот синдикат на земјоделците ФНСЕА.

Околу 1000 трактори дојдени од регионот Горна Франција, Нормандија, Ил де Франс, Гранд Ест, Центр-Вал де Лоара и Бургундија Франш Компте се очекуваат на авенијата Фош во Париз. Некои од претставниците на синдикатите ги критикуваат и договорите за слободна трговија кои ги скучи ЕУ, со што ќе биде зголемен увозот на земјоделски производи, тие бараат средба со претседателот на републиката.

Земјоделците се незадоволни и поради тоа што постојано се покажани со прст, посебно сточарите, така од пред десетина месеци се забележани недозволени навлегувања во 50-тина фарми, а само минатиот викенд беа опожарени три земјоделски згради на производители на млеко, при што беа убиени 30 говеда.