вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Француските научници открија нов вирус

Француските научници открија нов вирус

Француските научници идентификуваa нов вирус преку користење на истата техника со која го открија и коронавирусот, но велат дека нема потреба од загриженост бидејќи новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на онаа која ја предизвика коронавирусот.

Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од мозочен удар и е наречен ,, Кристоли вирус’’, пренесува Франс 24.

Научниците кажуваат дека немаат потреба од загриженост и дека е прерано да се доаѓа до некакви заклучоци бидејќи жената патела и од други болести.

Тие истакнаа дека за сега е познат еден случај на овој нов вирус и дека ако се зголеми бројката ќе се добие појасна слика за што станува збор. Новиот вирус припаѓа на оној вид вируси кои го пренесуваат комарците.

Освен методот на откривање, новиот вирус има малку заеднички карактеристики со коронавирусот.