недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Францускиот научен комитет со предупредување за нов бран на Ковид-19 наесен или во зима

Францускиот научен комитет со предупредување за нов бран на Ковид-19 наесен или во зима

Францускиот научен комитет предупреди денеска дека е „многу веројатно“ појава на уште еден бран на новиот коронавирус наесен или во зима.

„Франција ја има ситуацијата под контрола, но неизвесна е, со оглед на зголемената циркулација на вирусот ова лето. Краткорочната иднина на пандемијата е главно во рацете на населението”, се вели во соопштението на научниот комитет објавен на веб-страницата на Министерството за здравство.

Тие предупредуваат дека во секој момент Франција би можела да влезе во сценарио што е помалку под контрола, како во Шпанија.

„Многу е веројатно дека ќе имаме втор епидемиски бран оваа есен или зима“, нагласуваат научниците.

Коронавирус