недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Француски Ројтерс во штрајк поради отпуштање вработени

Француски Ројтерс во штрајк поради отпуштање вработени

Вработените во новинската агенција Ројтерс во Франција со огромно мнозинство одлучија да штрајкуват денеска за да изрази незадоволство од отпуштањата, се вели во соопштението на претставниците на персоналот.

Со штрајкот „сака да се осудат методите на менаџментот кои преку телефон известило шестммина вработени за намерата да ги отпуштат, точно шест месеци по објавувањето на план за спасување работа со кој 20 вработени заминаа од агенцијата или повеќе од половина од францускиот сервисен персонал“, се додава во соопштението.

Штрајкот трае од полноќ до полноќ во вторник.

„Новите отпуштања што ќе го преполоват бројот на вработени во услугата за фотографии во Франција се дел од политиката за намалување на трошоците, маскирана со уредничка стратегија, која носи значителна вознемиреност кај вработените“, се предупредува во текстот.

Американско-канадската групација Томсон Ројтерс, сопственик на агенцијата, на крајот на 2018 година објави дека ќе укине 3.200 работни места или 12 проценти од работната сила во следните две години.

Коронавирус