вторник, 2. март 2021. Вести денес: 170
home Вести

Француски град жртва на кибер напад

Француски град жртва на кибер напад

Францускиот град Анже од саботата е жртва на кибер напад што ги парализира сите негови компјутери. Нападот е обелоденет на профилот на Фејсбук на градот: „Ноќта меѓу петокот и саботата кибер нападот беше насочен кон информацискиот систем на градот Анже, јави дописникот на МИА.

–Од саботата наутро, екипите на управата на градскиот информативен систем во соработка со Националниот орган за безбедност на информациски системи (АНССИ) воспоставија протокол за создавање резервна копија и обновување на системот“, додаде градот, прецизирајќи дека овој процес на обновување „ќе биде долг и ќе влијае на услугите што им се даваат на жителите на градот и метрополата и бараат употреба на компјутери“.

Анже посочи дека кибер нападот почнал со хакирање на Твитер профилот на градоначалникот Кристоф Беши. Неговиот профил се уште е недостапен, со профилна фотографија од раката на тетовиран човек. Градоначалникот не сакаше да зборува на оваа тема.

– Се уште немаме пристап до компјутери, експертизата продолжува, додаваат од метрополата.

Коронавирус