недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Француски епидемиолог: Ќе се ослободиме од коронавирус ако вакцините стигнат до сите земји

Француски епидемиолог: Ќе се ослободиме од коронавирус ако вакцините стигнат до сите земји

Епидемиологот и член на Научниот совет на Франција, професор Арно Фонтане за РТЛ изјави дека по пандемијата со Ковид-19, се надева на враќање на нормалниот живот во последниот квартал од 2021 година. Но, оти за тоа „ќе треба поголема дистрибуција на вакцините“, додавајќи оти е „оптимист дека за шест месеци“ е можно вакцинирање на целото население, јави дописникот на МИА.

– Првата цел е да се вакцинираат најранливите. Втората цел е да се запре ширењето на вирусот. За ова ќе биде потребно да се допре до најмладите и да се прошири опфатот за вакцинација кај децата. Штом потврдиме дека нема сериозни негативни ефекти од вакцината, тогаш ќе можеме да ја намалиме старосната граница, посочи проф. Фонтанет.

Тој додаде дека несакани ефекти од вакцините се можни, но многу ретки.

Проф. Фонтанет посочи дека е тешко да се предвиди колку дози на вакцини ќе бидат достапни во рок од три месеци.

-Треба да можеме да вакцинираме осум милиони луѓе пред крајот на март, а потоа 12 милиони во април, истакна тој.

Епидемиологот главно инсистираше на важноста на „свеста од глобално ниво“.

– Ќе се ослободиме од вирусот само ако играме на картата на глобален здравствен проблем и вакцините ако стигнат до сите земји во светот. Во спротивно, ризикуваме да појава на нови видови на вирусот, нагласи проф. Фонтане.

Тој истакна дека вчера воведениот полициски час во Франција е последната можност за да не се воведе целосен карантин.

Коронавирус