понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Француска министерка до „Ербас“: Заштитете што е можно повеќе работни места

Француска министерка до „Ербас“: Заштитете што е можно повеќе работни места

Француската министерка за економија Ањес Пениер-Рунахер го повика производителот на авиони „Ербас“ да заштити што е можно повеќе работни места, ставајќи ја компанијата под притисок во обид да избегне принудни намалувања на работни места.

Таа истакна дека „Ербас“ треба да користи 15 милијарди евра француски пакет државна помош наменети за заштита на работни места во воздухопловната индустрија.

– Ги повикувам „Ербас“ и компаниите со големи нарачки да ја исполнат својата одговорност, имено во рамките на нивните компании да се обидуваат да најдат што е можно повеќе решенија и механизми (да спасат работни места), рече Пениер-Рунахер.

„Ербас“ планира да намали до 15.000 работни места поради намалената побарувачка поради кризата со коронавирусот. Компанија одби да исклучи присилно кратење, но понуди да сочува 3.000 работни места во замена за француска и германска поддршка и истражувачка помош.

Коронавирус