вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Франција урива црни рекорди: Нови 52.010 случаи на коронавирус за еден ден

Франција урива црни рекорди: Нови 52.010 случаи на коронавирус за еден ден

Франција вчера пријавила 52.010 новозаболени од коронавирус, што е најмногу во еден ден од почеток на епидемијата.

Новиот највисок дневен биланс го надмина бројот кој во оваа држава беше потврден во сабота – 45.422.

Бројот на заболени со коронавирус во Франција е зголемен на 1.138.507, а починати е 34.761 лица. Во изминатите 24 часа пријавени се 116 нови смртни случаи од коронавирус.

Во моментов Франција се наоѓа на петтото место во светот по бројот на заболени од коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија.

Коронавирус