сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Франција троши трипати повеќе антибиотици од Холандија, европска земја со најмала потрошувачка

Франција троши трипати повеќе антибиотици од Холандија, европска земја со најмала потрошувачка

Останува уште многу да се направи за потрошувачката на антибиотици во Франција, иако таа беше стабилизирана, па дури и малку намалена по медиумските кампањи, јавува дописникот на МИА.

Оваа констатација е дел од извештајот објавен по повод светската недела за рационална употреба на антибиотици.

Целта на оваа недела е да се привлече вниманието на јавноста кон отпорноста на антибиотици (факт дека некои бактерии сега стануваат отпорни на антибиотици), што светските здравствени власти го сметаат за голема закана.

Проценката на агенцијата за Јавно здравје на Франција се однесува на антибиотиците издадени на рецепт во градските ординации (надвор од болниците), односно 93 отсто од вкупната потрошувачка. Таа се заснова на два индикатори: бројот на потрошени дози и бројот на рецепти.

Ако се земе предвид првиот показател, потрошувачката на антибиотици во градската медицина се „стабилизира“ по зголемувањето помеѓу 2014 и 2016 година. Таа изнесува 22,5 дози дневно на 1.000 жители во 2018 година, наспроти 22,7 во 2009. Со цел да се добие попрецизен увид, здравствените власти годинава користат нов показател, бројот на рецепти. Тоа покажува дека потрошувачката на антибиотици паднала за 15 отсто помеѓу 2009 и 2018 година (од 2,81 на 2,38 на 1.000 жители на ден).

-И во двата случаи, тоа е доста охрабрувачко. Сепак, има уште многу долг пат, бидејќи Франција останува една од најлошите ученици во Европа: таа е на трето место според потрошувачката на антибиотици меѓу европските земји (зад Грција и Кипар), вели Бруно Коињард, директор за заразни болести во јавното здравство Франција.

Ако се собере потрошувачката во „градската“ медицина и болниците, „Франција е со 25,3 дози на 1.000 жители на ден, но европскиот просек е 19,8“, вели д-р Коињард. Земјата со најдобри перформанси е Холандија со приближно 9,7 дози, што значи дека се трошат трипати повеќе антибиотици во Франција. Според извештајот, „здравственото осигурување би можело да заштеди 400 милиони евра доколку француската потрошувачка е иста како и онаа на Холандија“.

Како да се објасни оваа француска специфичност, која опстојува и покрај препораките? Со „практики и историја во пристапот кон лекови кои варираат од земја до земја“, вели д-р Коињард. Во Франција „грижата за пациентите е многу заснована на третман: пациентот чека рецепт и лекови по консултацијата. Навиките тешко се менуваат, а тука се културните и емотивните аспекти на препишувањето на антибиотици.

Некои лекари ќе сакаат да „допрат широк опсег на лекување“ и ќе се обидат да решат проблем со третман со антибиотици уште од самиот почеток, наместо да му кажат на пациентот да се врати на консултација во наредните денови ако тоа е потребно. Предизвикот не е само да препишува помалку лекови, туку и подобро, со размислување за изборот на видот на антибиотици или времетраењето на третманот, што може да биде и пократко, вели Коињард.

Доколку потрошувачката се намалува за децата по 14 години, таа се зголеми кај лицата со над 65 години, популацијата која е „кревка и повеќе склона кон инфекции“, објаснува д-р Коњигард. Покрај тоа, целокупната потрошувачка варира во зависност од регионот на Франција. Така националниот просек е надминат на азурниот брег и Горна Франција, а е пониска во делот на Лоара, Оверњ-Рона-Алпи и Бретања.