четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Франција се повлекува од операција на НАТО поради конфликтот со Турција

Франција се повлекува од операција на НАТО поради конфликтот со Турција

Франција се повлекува од средоземноморската операција на НАТО во момент на зголемени тензии со Турција.

– Франција се повлекува од операцијата на НАТО за морска безбедност, се додека не добие одговор поради загриженоста во врска со однесувањето на својот сојузник во Алијансата – Турција, изјави претставник на француското Министерство за одбрана.

Тој истакна дека „земјата донела одлука за времено повлекување на средствата од операцијата „Морска стража“, се додека не се реши загриженоста на Франција“.

Одлуката на Франција следува по ескалирање на тензиите со Турција во врска со либискиот конфликт. (МИА)

Коронавирус