петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 120
home Вести

Франција потврди пет нови случаи на коронавирус

Франција потврди пет нови случаи на коронавирус

Министерката за здравство Агнес Бужин денеска соопшти дека вкупниот број потврдени случаи на заразени со коронавирус во Франција е зголемен на 11.

Франција денеска потврди уште пет случаи на инфекција со новиот вирус кој се шири од Кина,  меѓу кои и едно дете.

Министерката за здравство Агнес Бужин денеска соопшти дека вкупниот број потврдени случаи на заразени со коронавирус во Франција е зголемен на 11.

Новите случаи се откриени во алпско туристичко одморалиште,  во близина на Мон Блан.

Бужин рече дека се чини дека заразените се поврзани со британско лице кое престојувало таму на крајот од јануари, за која подоцна беше потврдено дека се заразила со коронавирусот.

Француските власти соработуваат со меѓународни партнери за да влезат во трага на сите кои биле во близок контакт со британското лице и новозаразените лица во Франција.

Коронавирус