понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 67
home Вести

Франција: Почна судењето на „жолтите елеци“ за демолирањето на Триумфалната порта

Франција: Почна судењето на „жолтите елеци“ за демолирањето на Триумфалната порта

Денеска во Париз почна судењето на десет лица за демолирањето на Триумфалната порта за време на демонстрациите на „жолтите елеци“во 2018 гофина, но не и на водачите на протестите, кои не се пронајдени. На 1 декември 2018 година на Елисејските полиња и под Триумфалната порта беа забележани речиси востанички сцени, во кои беше предизвикана штета од еден милион евра врз еден од најемблематичните француски споменици, јави дописникот на МИА.

Тој 1 декември беше третот чин на беснеењето на „жолтите елеци“. Две недели претходно, дојде до првите изливи на насилство. Но, тие беше ништо во споредба со тој ден, таа сабота, кога полицијата беше изненадена од насилството што ги разгоре улиците во главниот град на Франција. Запалени беа речиси стотина возила, изгорени фасади, скршени излози, ограбени продавници … Потоа следуваа речиси сцени на бунт околу Триумфалната порта.

Демонстрантите успеаја да влезат во историскиот споменик, да ги демолираат просториите, да ја ограбат продавницата за сувенири, да стигнат до врвот за да се сликаат над Париз со жолтите елеци на грбот. Столбовите на споменикот се покриени со графити против Емануел Макрон или пораки „жолтите елеци ќе триумфираат“.

Резултат на насилството – штета од еден милион евра и пет оштетени уметнички дела. Шефот на државата отиде таму следниот ден. Сликите од „освојувањето“ на Триумфалната порта, што предизвика огромна возбуда и го обиколи светот, треба да бидат изведени на суд.

Тој ден во Париз беа уапсени повеќе од 400 лица, што беше рекорд во тоа време. Но, ако истражните органи проценија дека демолирањето на Триумфалната порта е дело на „голем број лица“, пред судот ќе бидат изведени само десет лица.

Тие во најголемиот дел во своите дваесети години, а доаѓаат од цела Франција и немаат профили на деликвенти. Обвинителството тоа го препозна: „Јасно е дека поттикнувачите, дури и главните извршители на делата (не може) да бидат идентификувани“.

Локални избори 2021