вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Франција: Ограничувањата да бидат продолжени, бара главниот советник на Владата

Франција: Ограничувањата да бидат продолжени, бара главниот советник на Владата

Претседателот на францускиот Научен совет Жан Франсоа Делфреси денеска нагласи дека е„исклучитено важно“ да продолжат мерките на ограничено движење што се на сила од 17 март во Франција.

Советот е со став дека „ограничувањата мора да траат уште неколку недели почнувајќи од сега“, јави дописникот на МИА.

-Нашиот заклучок е дека во сегашната состојба можеме да започнеме да дискутираме и да имаме стратегија за тоа што ќе се случи по укинувањето на мерките, но и дека главниот елемент е продолжувањето на строгите ограничувања во следните неколку недели, рече Жан Франсоа Делфреси за Франсинфо.

Професорот Делфреси, кој е претседател на научниот совет што ја советува Владата за тоа како да се справи со епидемијата, исто така рече дека дури 17 милиони Французи се сериозно изложени на ризик од коронавирусот заради возраста, болести или прекумерната тежина.

Првично беше планирано да трае две недели, мерките веќе беа продолжен за две недели, до 15 април, а премиерот Едуард Филип предупреди дека „веројатно“ тие ќе продолжат и понатаму, без да даде повеќе детали.

Коронавирус