петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Франција: Напаѓачот од џамијата во Брест пронајден мртов

Франција: Напаѓачот од џамијата во Брест пронајден мртов

Напаѓачот кој вчера рани двајца луѓе, меѓу кои и имам пред џамија во западниот дел на Франција, пронајден е мртов со прострелна рана во главата, соопшти полицијата.

Според полициски извори, најверојатно се работи за самоубиство.

Претходно, обвинителот во градот Брест, каде што се случи нападот соопшти дека напаѓачот отворил оган додека луѓето ја напуштале џамијата.

Обвинителот додаде дека во моментов не се јасни мотивите за нападот. (МИА)

Коронавирус