сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Франција ќе издвои 50 милиони евра за хуманитарни проекти во Сирија

Франција ќе издвои 50 милиони евра за хуманитарни проекти во Сирија

Франција ќе додели 50 милиони евра, наменети за хуманитарни проекти за Сирија, се наведува во соопштение од Елисејската палата.

Проектите ќе бидат финансирани со посредство на дваесетина невладини организации кои работат во Сирија. Одлуката е донесена по синоќешната средба на претседателот Емануел Макрон со претставници на тие организации.

Невладините организации ќе треба да достават конкретни проекти, посебно за Идлиб, каде според податоците на ОН има 1,2 милиони раселени лица од конфликтот, постоа во Гута и во зоните неодамна ослободени од контролата на „Исламска држава“.

ОН проценува дека околу 13 милиони Сиријци, од кои шест милиони деца, имаат итна потреба од хуманитарна помош.

МИА