петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Франција ќе ги протера Бошњаците што си ја претепаа ќерката поради врска со христијанин

Франција ќе ги протера Бошњаците што си ја претепаа ќерката поради врска со христијанин

Франција ќе го протера семејството од Босна и Херцеговина, кое ја злоставувало својата ќерка поради врската со момче по потекло од Србија, најави вчера францускиот министер за внатрешни работи Жерард Дарманен.

Членовите на бошњачкото семејство си ја претепале ќерката и внуката и и’ ја избричиле главата зошто се гледала со момче, христијанин со српско потекло. Родителите на 17-годишната девојка, заедно со нејзиниот вујко и вујна, во четвртокот беа ставени под судски надзор и чекаат судење во Безансон за насилство над малолетно лице во присуство на други лица.

Девојката и нејзиното момче, како што е најавено, ќе останат во Франција.

Коронавирус