петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Франција ја лансира од подморница својата прва крстосувачка ракета

Франција ја лансира од подморница својата прва крстосувачка ракета

Франција вчера за прв пат истрела крстосувачка ракета од подморница, соопшти Министерството за вооружени сили, со што француските подморнички сили сега можат да уништат тешка копнена инфраструктура на големо растојание, јави дописникот на МИА.

„Суфрен“ – нова генерација на подморници за нуклеарен напад (класата Баракуда) – „успешно го изведоа“ овој тест истрел на морнаричка крстосувачка ракета (MdCN) во ширината на Бискарос, се вели во соопштението на француското Министерство за вооружени сили.

-Овој успех и дава нова стратешка можност на нашата морнарица и ја става меѓу најдобрите во светот. Француските подморници можат до сега да погодат подморници и површински бродови. Тие сега можат да уништат тешка копнена инфраструктура на големо растојание, изјави министерката за вооружени сили Флоранс Парли.

Со ова, Франција се приклучува на затворениот круг на држави опремени со поморски ракети за крстарење, како американскиот Томахавк, „популаризиран“ со Заливската војна во 1991 година.

Со дострел од илјада километри, MdCN има за цел да ги нападне целите лоцирани „во длабочината“ на непријателската територија, како што се политички центри, противавионски штабови или радари. „Нејзината способност за истрелување од подморница овозможува да се постави постојана и неоткриена закана од удар од морето, подвлекоа од Министерството за вооружени сили.

„Суфрен“ е прва во серијата од шест нови подморници за нуклеарен напад (СНА) – на нуклеарен погон – подискретна и посериозно вооружена. Нејзината испорака на француската морнарица се очекува до крајот на 2020 година, пред нејзиниот прием на активна служба во 2021 година.

Мисијата на СНА е да ги заштити носачите на авиони и подморниците кои носат нуклеарни ракети, да ги пронајдат непријателските подморници и да соберат разузнавачки податоци. Покрај тоа, таа е предвидена и за напади на копнени цели и распоредување на специјални сили.

Коронавирус