недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 9
home Вести

Франција ги затвора границите за патници кои не се од ЕУ

Франција ги затвора границите за патници кои не се од ЕУ

Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека од утре Франција ќе ги затвори границите со државите што не се членки на Европската унија.

Влез во Франција од земји надвор од блокот на ЕУ ќе биде дозволен само во случај на крајна потреба, а забраната за патување е обид да се ограничи ширењето на новите мутации на коронавирусот и да се спречи воведување нови рестрикции во државата.

Сите посетители од ЕУ ќе мора да направат негативен ПЦР-тест при влез во Франција.

-Ги знаеме тешките последици од блокадата. Ги прегледавме податоците од изминатите неколку дена и веруваме дека се уште имаме шанса да избегнеме нова блокада, нагласи Кастекс.

Тој додаде дека „следните неколку дена ќе бидат одлучувачки“ во однос на можните нови ограничувања.

Во обид да се запре бројот на нови инфекции, премиерот рече дека големите трговски центри ќе бидат затворени од недела и дека ќе се засили спроведувањето на сегашниот полициски час.

-Ќе бидат мобилизирани повеќе полицајци за да проверуваат евентуално непочитување на полицискиот час, организирање тајни забави и нелегално отворање ресторани, нагласи тој. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија