сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Франција: 10 проценти од заразените ја имаат новата мутација на коронавирусот

Франција: 10 проценти од заразените ја имаат новата мутација на коронавирусот

Новата варијанта на коронавирусот, првпат детектирана во Велика Британија е пронајдена во 10 проценти од случаите во Франција, изјави портпаролот на француската Влада Габриел Атал, најавувајќи можност за нови рестриктивни мерки во земјата.

Атал, во изјава за радио Франс Интер, повтори дека Владата на претседателот Емануел Макрон ја разгледува можноста за воведување строг „локдаун“, но не даде поконкретни детали.

Франција вчера евидентираше речиси 27.000 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број од средината на ноември, кога Франција беше во втор „локдаун“, што може да укаже дека сегашните мерки, кои вклучуваат полициски час, не се доволни за да се запре ширењето на вирусот.

Коронавирус