сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

ФОТО: Запознајте ја Александрија, најмладaта американска конгресменка во историјата

ФОТО: Запознајте ја Александрија, најмладaта американска конгресменка во историјата

Најмладата американска конгресменка во историјата ќе биде демократката Александрија Окасио-Кортес. Александрија има 29 години, порасна во Њујорк, а нејзиното семејство е од Порторико. Таа израснала во Бронкс, а дипломирала економски и меѓународни односи на Универзитетот во Бостон.

Пред својата политичка кариера работела како мајстор за коктели во угостителски објект, за да му помогне на своето семејство.

Се очекува младата демократка да биде гласот на милениумците во Конгресот на САД. На 26 јули Александрија во предизборите го победи својот противкандидат од Демократската партија, сенаторот Џозеф Кроули, со речиси 20-годишен мандат. Како што се очекуваше, со оглед на тоа што 14-тиот округ во Њујорк е, секако, син округ, каде што кандидатот на републиканците нема шанси да победи, Александрија успеа да влезе во Конгресот на САД по својата прва кандидатура во животот.

Кампањата активно ја водеше и на Инстаграм. Таа верува дека луѓето во доцните дваесетти и триесетти  заслужуваат свое место на масата, со оглед на тоа дека пред нив е иднината и дека ќе треба да се справат со сите промени што следуваат во САД.

Коронавирус