понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

ФОТО: Во Египет затворени автопатишта поради песочна бура

ФОТО: Во Египет затворени автопатишта поради песочна бура

Поради песочна бура што погоди делови од Египет затворени се автопатиштата во јужните провинции. Песочната бура уследи по обилните дождови во Каиро и другите делови на земјата.

Песокот и прашината ја ограничуваат видливоста, а според прогнозите слични временски услови ќе има до четврток.

Минатонеделните обилни дождови предизвикаа поплави во Каиро и други делови на Египет, при што под вода беа патиштата и новоизграденото зелено источно предградие на главниот град.

Поради надојдената вода беа затворени дел од автопатиштата кои го поврзуваат Каиро со провинциите. Поплавите предизвикаа материјална штета, а голем број луѓе останаа заробени во своите возила. Полицијата спаси 24 студенти од автобус во близина на Каиро.