сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 96
home Вести

ФОТО+ВИДЕО: Воениот транспортен авион со руска медицинска помош пристигна во Њујорк

ФОТО+ВИДЕО: Воениот транспортен авион со руска медицинска помош пристигна во Њујорк

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи тони медицинска опрема и маски, помош за САД во борбата против новиот коронавирус.

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, понудил медицинска помош.

Помошта најверојатно нема да биде популарна кај критичарите на Трамп, кои претходно го предуредија американскиот претседател да не прифајќа ништо од Путин  и тврдат дека Москва такиот вид помош сака да ја искористи како геополитичка и пропагандна алатка за унапредување на своето влијание.

Кремљ ги негираше таквите обвинувања.

– Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна поомош, истакна синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој наведе дека Путин нудејќи им помош на САД, имал во предвид, кога американските производители на медицинска опрема обезбедат резерви да и вратат на Русија на ист начин. Песков додаде дека на таков принцип соработуваат Москва и Пекинг.

– Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош, истакна вчера Песков.

И неименуван американски претставник потврди дека пратката е директен резултат на телефонскиот разговор Трамп – Путин.

Тој додаде дека помошта се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема.

Во САД досега 215.300 луѓе се инфицирале со Ковид-19, од кои  и над 5.110 смртни случаи, 8.878 оздравеле.

Локални избори 2021