недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО+ВИДЕО: Падна првиот снег

ФОТО+ВИДЕО: Падна првиот снег

Во Амурската област на Далечниот исток во Русија утрово падна и првиот снег.

Како што пренесува регионалниот метеоролошки центар, снег почнало да паѓа во селото Лопча во областа Тинда и Сковородино.

Дежурната служба предупреди дека во понеделник во северниот дел на регионот можно е да се очекува паѓање на влажен снег и појава на голомразица.

 

Таквата прогноза се покажа како точна, бидејќи мештаните утрото се разбудија под густа снежна покривка.

Генералната дирекција за сообраќај на Русија за регионот Амур ги предупреди жителите да се подготват за лошото време и да бидат внимателни на патиштата.

Во споредба со 2018 година, снегот во овој регион оваа година почна многу порано да паѓа, а лани првиот снег падна на 2-ри и 6-ти октомври.