вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 128
home Вести

ФОТО: Ураганот Сали предизвика катастрофални поплави во јужниот дел на САД

ФОТО: Ураганот Сали предизвика катастрофални поплави во јужниот дел на САД

Ураганот Сали што вчера го погоди брегот на Алабама и на Флорида доведе до историски и катастрофални поплави и масовен прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Речиси еден метар вода имаше на улиите во центарот на Пенсакола, Флорида, додека голем број патишта и мостови се уништени, а бурата го зафати и градот Мобил во Алабама.

Повеќе од половина милион домови и продавници во Алабама и Флорида останаа без електрична енергија. Пристаништата, училиштата и продавниците се затворени долж погодениот американски брег. Енергетските компании го намалија производството на нафта и гас во Мексиканскиот Залив, а некои рафинерии го стопираа или намалија производството.

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во делови на Луизијана, Мисисипи и Алабама.

Коронавирус