четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

ФОТО: Твитерџија го најавил терористичкиот напад во Виена со пораки кои влеваат страв во коски

ФОТО: Твитерџија го најавил терористичкиот напад во Виена со пораки кои влеваат страв во коски

Корисник на социјалната мрежа Твитер, со заканувачки твитови неколку пати го најавил крвавиот терористичкиот напад во Виена што се случи вчера.

Во еден од твитовите, корисникот на оваа мрежа фигурира под името Абдилмунтаќим Ал Ираќи или Лојд Ал Амрики (Abdilmuntaqeem Al Iraqi or Lloyd Al Amriki) во 14:56 часот напиша „Чекајте го изненадувањето“.

Подоцна во 20: 55 часот на Твитер профилот на виенската полиција напишал уште една заканувачка порака во која вели: „Се колнам во Алах уште ништо не сте виделе.“

Абдилмунтаќим Ал Ираќи објавил и низа други твитови во кои бара „крв за крв“.

Во друг твит напишал: „Ќе ви влееме страв и ќе ве тероризираме дури и во соништата кога ќе заспиете“.

Во меѓувреме Твитер профилот CtrlSec чија мисија е да го ограничи и уништи онлајн екстремизмот ги повика корисниците на оваа социјална мрежа да го пријавуваат профилот на Абдилмунтаќим Ал Ираќи и секако други корисници кои објавуваат слична пропаганда.

 

Локални избори 2021