понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 89
home Вести

ФОТО: Трагедија на Нова Година, пожар во германска Зоолошка уби над 30 животни

ФОТО: Трагедија на Нова Година, пожар во германска Зоолошка уби над 30 животни

Во пожар кој избувнал во зоолошка градина во германскиот град Крефелд во првите часови од Новата година угинале најмалку 30 животни, соопштија денеска локалните власти кои не ги коментираа наводите на медиумите дека огнот го предизвикал новогодишен огномет.

-Изгорел цел објект со мајмуни и сите животни кои биле во него се мртви, соопштија претстaвници на зоолошката.

Од Зоолошката градина која се наоѓа во близина на границата со Холандија соопштија дека изгорела целата куќа на мајмуни и повеќе од 30 животни, меѓу кои има и пет орангутани, 48-годишна горила наречена Маса, шимпанза и неколку мајмуни.

горила Маса

-Само две шимпанза се спасени од пожарниакрите. Имаат сериозни изгореници, но се во стабилна состојба, изјави директорот на зоолошката градина Волфганг Футен.

Како можна причина за настанување на пожарот, се наведуваат хартиени кинески светилки кои се пуштаат на небото.

Коронавирус