сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 64
home Вести

ФОТО: „Ти благодариме Доналд“ – Трамп доби паричка со својот лик во Израел

ФОТО: „Ти благодариме Доналд“ – Трамп доби паричка со својот лик во Израел

Израелскиот образовен центар Микдаш нарачал монети со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, а со цел да ја изразат својата благодарност бидејќи тој го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Од Центарот соопштиле дека ликот на Трамп се наоѓа на едната страна од монетата, додека на другата е ликот на кралот Кир Велики, кој пред 2.500 години им дозволил на Евреите да се вратат во Ерусалим од Вавилон, пренесува АП.

Рабинот Мордекаи Персос истакнал дека Трамп, исто како и кралот, објавил дека Ерусалим е престолнината на светиот народ.

Оваа израелска организација направила 1.000 монети. Паричките не може да се користат како платежно средство.

Коронавирус