недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Татко ги заборавил децата пет часа во камион, починале затворени од топло време

ФОТО: Татко ги заборавил децата пет часа во камион, починале затворени од топло време

Дастин Денис (31) од американската сојузна држава Оклахома, е уапсен и обвинет по две точки од обвинението за убиство од втор степен, откако полицијата утврди дека ги оставил своите две мали деца во врел камион на околу пет часа.

Според полициската станица Тулса, Денис изјавил дека ги одвел своите две деца, на возраст од 3 и 4 години, во продавницата во саботата околу пладне. Откако се вратил дома, Денис спиел четири до пет часа. Откако се разбудил, сфатил дека не може да ги најде децата во куќата. Тој увидол што се случило дури откако го проверил камионот. Денис на полицијата и рекол дека мислел дека ги извел децата од камионот.

Снимките од надзорната камера на соседните куќи прикажуваат како Денис излегува од камионот и влегува во куќата без деца. Потоа никој не ги проверува децата заклучени во возилото во наредните пет час, јави Си Ен Ен.

На Денис му е изречена кауција од 750.000 долари, а на суд треба да се појави на 19 јуни.

Коронавирус