петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 134
home Вести

ФОТО: Таа е првата премиерка која ќе оди на породилно отсуство

ФОТО: Таа е првата премиерка која ќе оди на породилно отсуство

Бебето на новозеландската премиерка Џасинд Ардерн ќе биде прво бебе родено за време на власт на својата мајка.

Таа стана премиерка минатата година по изненадувачкиот раст на политичката сцена.

Недолго потоа објави дека ќе стане мајка, а сега во седмиот месец воопшто не се откажува од многуте обврски и патувања.

-Не се грижам, се чувствувам одлично, освн што нозете ми се отечени па потешко ми е кога седам, изјави таа.

Таа е првата премиерка која ќе оди на породилно отстуство, а тоа ќе трае само еден и пол месец.

Кога ја објави својата бременост, во јануари 2018, побарала од вицепремиерот Винстон Питерс за време на нејзиното отсуство да ја врши должноста претседател на Владата, додавајќи дека во тој период ќе биде потполно достапна за контрактирање.

По тој период таа планира да се врати на работа, а грижата за детето ќе ја води таткото Кларк Гејфорд.

Коронавирус