сабота, 30. мај 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ФОТО: Со чорапи во Парламентот- министерот Гернот Блимел предизвика политичка бура со еден гест

ФОТО: Со чорапи во Парламентот- министерот Гернот Блимел предизвика политичка бура со еден гест

Австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел предизвикал во парламентот модна, но и политичка бура, затоа што се појавил само по чорапи без чевли.

Блимел, за време на вчерашната седница, ги соблекол чевлите и прошетал во тиркизни чорапи, боја на неговата Народна партија.

Кај попзицијата тоа предизвикало голема „бура“.

-Дали вашата партија ве вади од чевли, господине Блимел – напишале од опозицијата на Твитер и порачале дека министерот треба да се срами од ваквото однесување.

Оваа акција на министерот во јавноста поттикнала прашање дали еден министер смее вака да се однесува во Собрание?

Коронавирус