среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

ФОТО: Се преврте патнички автобус во Германија, повредените пренесувани со хеликоптер

ФОТО: Се преврте патнички автобус во Германија, повредените пренесувани со хеликоптер

Автобус од непознати причини излета од пат во Германија, а во несреќата има 16 повредени патници, меѓу кои шестмина се со потешки повреди.

Повредените со хеликоптери биле пренесени во болница во германскиот град Росток, во чија близина се случила несреќата.

Несреќата се случила утрово во 6.30 часот, а во автобусот, кој возел преку Копенхаген, имало 63 патници и двајца возачи.

Во несреќата не учествувале други возила и за сега не е позната причината за превртувањето на автобусот.

Коронавирус