сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

ФОТО: Се појави Ким Џонг Ун

ФОТО: Се појави Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствувал на состанокот на владејачката Комунистичка партија, на кој се разговарало за економски проекти.

Ова го јави државната новинска агенција КЦНА.

Ројтерс пренесува дека дводневниот состанок на партијата се одржува во време на економска несигурност поради пандемијата со коронавирус и меѓународните санкции наметнати кон Пјонгјанг поради нуклеарната програма.

На состанокот, како што се наведува, се разговарало за круцијални прашања поврзани со развојот на самоодржлива економија и подобрување на стандардот на животот на граѓаните.

Коронавирус