недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 56
home Вести

ФОТО: Само чудо го спасило – момче преживеало гранатирање на црква во Карабах, еве што држело во рацете

ФОТО: Само чудо го спасило – момче преживеало гранатирање на црква во Карабах, еве што држело во рацете

Едно момче од Нагорно-Карабах неодамна за среќа преживеало гранатирање на Црквата на Христос спасителот. На социјалните мрежи може да се прочита дека момчето наводно седело во црквата во моментот кога се случил нападот, кој наводно го извршиле силите на Азербејџан.

Како што пишуваат медиумите, тој наводно во раце ја држел Библијата во која се зарила дел од гранатата, додека се околу него се рушело.

На социјалните мрежи кружат фотографии од момчето додека лежи во болничка постела, како и фотографија од Светото писмо чии страници се искинати.

Црквата на Христос Спасителот е позната како Газанчецоц, обележје на Исус, и целосно е уништена во вчерашните напади. Градена е од 1868 година до 1887 година и седиштето е на епархијата на Нагорно-Карабах.

Иако црквата претрпела големи оштетувања, ниедна икона која виси на ѕидовите не паднала, а мозаиците останале недопрени.

Да потсетиме, борбата во Нагорно-Карабах почна на 27. септември, а Азербејџан и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избивање на конфликтите.

Коронавирус