сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

ФОТО: Роверот на НАСА слета на Марс, ова е првата фотографија

ФОТО: Роверот на НАСА слета на Марс, ова е првата фотографија
НАСА

На површината на Марс е нов робот. НАСА успешно го спушти роверот „Персервенс“ длабоко во кратерот каречен Језера.

Инжинерите на НАСА во контролата за летање во Калифорнија со воодушевување ја примија потврдата дека роверот слетал на Марс. Во следните две години тој ќе работи во потрага по докази дека за постоење на живот на Црвената планета.

Силен аплауз во НАСА и откако роверот ги испрати првите фотографии. Направени се со камера со ниска резолуција, а прашина ги прекрила објективите.

НАСА
НАСА

-Се наоѓаме на убаво, рамно место, најдовме место за паркинг безбедно да го спуштиме роверот на овршина, изјавил Ален Чим, лидерот на тимот за слетување.

Мајк Воткинс, директорот на НАСА агенцијата за мисии на Марс додава дека има нешто во првите денови од мисијата.

-Ние штотуку спуштивме претставник од Земјата на Марс, таму каде никој не бил досега, истакна тој.

Коронавирус