недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

ФОТО: Престрелка во Торонто – двајца загинати, 13 повредени

ФОТО: Престрелка во Торонто – двајца загинати, 13 повредени

Две лица се убиени и 13 се повредени во престрелка што синоќа се случи во Торонто. Еден од убиените е напаѓачот, а меѓу повредените кои се хоспитализирани има едно деветгодишно девојче.

Престрелката се случила во Гриктаун, грчкиот кварт на градот, околу 22 часот по локално време на локација каде има многу популарни ресторани, кафулиња и продавници. Очевидци изјавиле дека слушнале од 10 до 30 истрели.

Портпаролот на полицијата Марк Пагуош изјави дека се уште е рано да се каже дали станува збор за тероризам.

Во последно време во Торонто зачестија судири со огнено оружје меѓу криминални банди, потсетуваат локалните медиуми. Од почетокот на година имало 212 престрелки во кои загинале 26 лица. Во истиот период минатата година имало 188 инциденти и 17 убиени луѓе.

МИА